Уште 379 казни за неносење лична заштита за лице

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.2.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 379 прекршоци.



Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.