Советот за безбедност на денешната седница кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, донесе нова одлука според која вонредната состојба поради коронавирусот ќе трае и во наредните 30 дена.
„Вчера добив предлог за воведување на вонредна состојба во следните 30 дена. Согласно проценките, jасно е дека е потребно повторно прогласување на вонредна состојба.
На седницата на Советот за безбедност не присуствуваа техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепреиерот Бујар османи и и министерот за здравство кои вчера беа во куманово и иимаа средба со градоначалникот Максим Димитриевски, кој се покажа позитивен на Ковид-19.
Нема ни информации кои во нивно име беа присутни на состанокот.
Пендаросвки рече дека Одлуката ќе ја донесе „согласно моите уставни надлежности и ќе трае следните 30 дена“ и потенцираше дека во Уставот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди првата одлука за вонредната состојба на шефот на државата.
„Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога ниту од нив нема побарано апанажа по завршување на мандатот, значи дека тие се сеуште со валиден мандат, а Собранието сепак не работи, јас ја преземам одговорноста за ваква одлука затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања“, посочи Пендаровски.
„Постојната вонредна состојба, завршува денеска поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена и нема да биде формално-правно продолжена, бидејќи нема уставен основ.
Затоа денеска, врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуација кога Собранието не работи, ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација во период од 30 дена на територијата на целата територија на државата“, изјави Пендаровски.




