Од Кривичниот суд информираат дека на насилникот кој ја нападна новинарската екипа која го снимаше живеалиштето кај што бил пријавен Украинецот Олександр Онишченко, му е продолжен куќниот притвор за 30 дена.
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлогот на ОЈО – Скопје за продолжување на мерката куќен притвор за М.П., за кој постoи основано сомнение дека сторил кривично дело Насилство од чл. 386 ст. 3 в.в. со ст. 1 од КЗ, а поврзано со вербалниот и физички напад на новинарската екипа на ТВ 24, советот го прифати предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена, информираат од Кривичниот суд.
„Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина на неговиот дом“, информираат денеска од Јавното обвинителство.
Олександар Онишченко, доби македонско државјанство иако по него има меѓународна потерница а тој е и на „црната листа“ на САД.
Две лица од АНБ се суспендирани во врска со случајот „Онишченко…







