Продолжен е притворот на Нефи Усеини, советникот на ДУИ од општина Охрид, и неговиот брат Ибро за нови 30 дена, по поднесувањето на обвинителниот акт за насилство.
Вчера, Јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд достави посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата обвинети, поради постоење опасност од нивно бегство.
На браќата Усеини денеска им истече првично определениот од осум дена.
Тие понудија по 15.000 евра парична гаранција за да бидат ослободени, но битолска Апелација го отфрли решението на Охридскиот суд да ја прифати гаранцијата.
Притворот заа браќата е поради нападот на Спире Томаплкоски на јавно место во Охрид иако Темелковски го промени исказот дека бил нападнат и удрен со пиштол.




