Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, изјави дека Европската унија ќе ѝ даде на Турција уште три милијарди евра помош за сириските бегалци.



„Ќе й дадеме на Турција уште 3 милијарди евра во следните две години“, рече таа на втората донаторска конференција за Сирија во Брисел.

Дополнително,и Германија најави помош од 1 милијарда евра за бегалците во Сирија иво околните држави.

Само во Сирија има околу 13 милиони внатрешно раселени лица а кои им треба помош, изјави германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас.

Пред еден месец, турскиот претседател Ердоган рече дека Анкара добила само 850 милиони евра од договорената прва транша од средствата што ги ветила ЕУ за да им помогне на околу 3,5 милиони бегалци, главно од Сирија, кои се наоѓаат во бегалски кампови на нејзина територија, согласно спогодбата со ЕУ од пред две години со која е спречен бегалскиот бран кон Европа.

Уште 3 милијарди евра треба да бидат одобрени, потсети тогаш Ројтерс.

ЕУ и Турција во март 2016 година постигнаа договор кој требаше да го спречи мигрантскиот бран кон Европа преку таканаречената Балканска рута.