Со договорот за продажба на ОКТА, потпишан од владата на Љубчо Георгиевски, во 1998 година, државата беше обврзана 20 години да купува по 500.000 тони мазут годишно, што е повеќекратно повеќе од потребите, па Македонија престана да ја почитува обврската.
Грчката енергетска компанија „Хеленик петролеум“ ја тужеше државава поради неисполнување на договорните обврски. Арбитражниот суд во Париз пресуди во корист на грчката енергетска компанија која бараше 32 милиони евра.
Ова е втор пат како државава е казнета за неисполнување на договорот со грчката компанија.
Претходната пресуда на Арбитражниот суд беше на 40 милиони евра, објави Плусинфо







