Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани 24 смртни случаи од Ковид-19, како и 323 нови позитивни од 2.928 направени тестирања, извести Институтот за јавно здравје.
Осуммина од починатите се од Скопје, меѓу кои и најмладиот на 32 години, а другите се на возраст од 53, 68, 71, 73, 83, 87 и 87 години.
Четири починати лица се од Битола (72, 73, 81 и 82), по двајца од Струмица (71 и 71), од Прилеп (72 и 80) и од Куманово (62 и72), а по еден од Штип (87), Тетово (75), Гостивар (64), Кочани (64), Охрид (72) и Струга (71).
Бројот на заболени од почетокот на епидемијата во државава достигна 153.137, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.






