Во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19.
Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 46 – 80 години и тоа: 5 пациенти од Прилеп, од Скопје – 4, од Кавадарци – 3, по 2 починати лица од Гевгелија, Гостивар, Кочани и Дебар, по едно починато лице од Куманово, Битола, Штип и Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови..






