Деветнаесет смртни случаи и 541 позитивен од 2.789 тестирања е билансот од последното деноноќие во борбата со Ковид-19 во Македонија.
Починатите се на возраст од 55 до 89 години и од нив 11 се од Скопје, по двајца од Куманово и од Кавадарци и по еден од Охрид, Струмица, Неготино и Берово. Еден од нив е починат во домашни услови, другите во болнички.
Од почетокот на пандемијата бројот на починати достигна 3.319, на заразени 112.646, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.





