Нови 525 случаи, МЗ пријави 18 починати

Министерствотон за здравство информира дека во изминатото денокие се направени 3.858 тестирања при што се регистрирани 525 пациенти, а прјави вкупно 18 починати.



Починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82, 83 и 87 ), по 2 починати лица од Куманово (75 и 65 ) и Тетово (69 и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81), Демир Хисар (71), Кичево (70), Штип (69) и Делчево (60), сите во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени сè уште 6 лица, со датум на смрт во период од 22.08.2021 до 19.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56 до 84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови.

Најмногу нови од 525 случаи и сега има во Скопје – 268, Куманово  40, Струмица 27, Штип 25, Битола 23, Охрид 17, Велес и Свети Николе  по 16, Кавадарци  15, Кичево 14, Прилеп и Кочани по 10, Крива Паланка 9, Гевгелија 6, Струга 5, Тетово и Радовиш  по 4, Неготино  3, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово  по 2, Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија по 1.

Регистрирани се 449 оздравени пациент

Направени биле 3.858 тестови, а досега во земјава се направени вкупно 1.269.370 тестирања на ковид-19.