Од направени 3.594 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 568 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство .



Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (44г, 74г, 75г,  82г и 82г), 2 лица од Кавадарци (69г и 87г) и по едно починато лице од Тетово (16г), Неготино (77г), Куманово (79г),  Кочани (77г) и Демир Хисар (90г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 14.10.2021 до 31.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Куманово(2), Кичево(1), Делчево(1) и Велес (1) на возраст од 61 до 75 години, од кои 5 се починати во болнички услови ,а 2 се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 293 оздравени пациент.