Во Белград денеска беше потпишан новиот годишен пакет претпристапна помош на Европската унија за Србија (ИПА) во вредност од 162,2 милиони евра.
Европскиот комесар за соседство и преговори за проширување Оливер Вархеји во видео порака рече дека ЕУ е најголемиот инвеститор и трговски партнер на Србија и дека е подготвена да продолжи да инвестира во партнерство и соработка.
„ЕУ направи стратешки избор кога почна преговарачкиот процес со Србија. Тие преговори ќе доведат до полноправно членство на Србија во ЕУ и јас сум целосно посветен тоа да се случи“, рече Вархеји, пренесе агенцијата Бета.
Во текот на претходните 15 години, ЕУ инвестираше повеќе од 2,5 милијарди евра во Србија преку повеќе од 1.500 проекти.
Србија добиваше 250 милиони евра грантови од ЕУ годишно, а годинава беа издвоени 400 милиони евра, од кои 165 милиони евра од солидарниот пакет за ублажување на енергетската криза.





