Во последните 24 часа биле направени 3.019 тестирање, а регистрирани се 454 нови случаи на ковид-19:



Од нив, во Скопје – 187, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 30, Штип – 29, Кавадарци – 25, Велес и Тетово – по 17, Охрид – 12, Кочани и Пробиштип – по 9, Крива Паланка и Ресен – по 7, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Богданци, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Струга и Струмица – по 3, Берово и Кичево – по 2, Виница, Гостивар, Дојран, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 14 починати лица: 6 починати лица од Скопје (52г, 53г, 66г, 77г , 80г и 87г), 2 починати лица од Велес (57г и 85г), и по едно починато лице од Кочани (62г), Битола (71г), Куманово (73г), Струмица (73г), Кратово (77г), и Кавадарци (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје, на возраст од 76 години, во болнички услови.

Регистрирани сe 236 оздравени пациенти, јави Министерството за здравство.