Уште 13.000 вакцини донација од Србија за Македонија

Србија донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник V“ на Македонија, соопшти денеска премиерката Ана Брнабиќ.



Сосега на земјава од соседна Србија се донирани вкупно 48 000 вакцини.

Пратката вакцини била доставени доцна синоќа како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.