Уште 11 лица ја загубија битката со короната, нови 436 случаи

Министерството за здравство информирадека во последните 24 часа:регистрирани се 7 починати лица, 3 починати лица од Скопје (66г,69г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.



Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивари по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои 2 се починати во болнички услови а 2 во домашни услови.

Направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 321 оздравени пациент .

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи изнесува 6.499.