Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственикот кој на 21 август нападна шпански туристи бидејќи не ја платиле сметката.



Сопственикот на ресторанот, Михал Кокедима, е уапсен кога нападнал тројца шпански туристи и двајца Албанци.

Премиерот Еди Рама реагираше дека со однесувањето сопственикот на ресторанот ја обрукал Албанија.

Уривањето е извршено по наредба на албанските власти, кои го демолираа неговиот ресторан во Порто Палермо, популарно одморалиште во јужна Албанија, јави ТВ „Клан“.

Извор: Макфакс