Урнал ограда на парк за кучиња, Шилегов молчи (ФОТО)

Засега непознати лица минатата ноќ влегле со автомобил во паркот за миленици спроти супермаркетот Веро 2 во скопската населба Козле при што дел од оградата е уништена.



Локалните корисници кои таму ги носат своите миленици се обиделе да го контактираат градоначалникот Шилегов меѓутоа и покрај тоа што тој ја видел (seen) пораката на социјалните мрежи нема одговор дали ќе се санира паркот.

Се работи за еден од најголемите и најпосетувани паркови за миленици во Скопје.