Директорот на Државниот архив на Македонија Емил Крстевски пријавил во полиција граѓанин кој на социјалните мрежи му напишал ,,да ви се мочам во северната”, користејќи и други изрази.
Крстевски кој е кадар на ДОМ на Маја Морачанин и екс новинар случајот го пријавил во МВР до кое предлага санкции за граѓанинот.
,,ДРЖАВНИОТ АРХИВ ГО ПРИЈАВУВА ОВОЈ КОМЕНТАР НА РИСТО АНГЕЛОВ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СМЕТАЈЌИ ДЕКА Е ГОВОР НА ОМРАЗА И ДЕВАЛВИРАЊЕ НА ВЛАДИНА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ШТО ПРОФЕСИОНАЛНО ГИ ИЗВРШУВА СВОИТЕ ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ. ПРЕДЛАГАМЕ СООДВЕТНИТЕ ОРГАНИ ДА ПРЕЗЕМАТ МЕРКИ ЗА САНКЦИОНИРАЊЕ НА ВАКВОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА ИНДИВИДУАТА!
Во прилог е комуникацијата на соодветниот Р.А.”, пишува на профилот на Државниот архив на Македонија.
Крстевски е првиот директор во владата кој пријавил македонски граѓанин за омаловажување на ,,северна”.
Доколку ова стане практика десетици илјади луѓе што секојдневно пцујат по северна ќе бидат санкционирани од МВР.
Крстевски пред десетина дена заминал на службен пат во Хрватска иако тоа што го правел таму нема никаква врска со неговата функција и институцијата што ја води.
Тој досега не објасни зошто заминал на службен пат на море за кој подигнал дневници а вршел приватни работи.
Крстевски кој предходно беше дел од НСДП на Тито Петковски е еден од најблиските соработници на претседателката на ДОМ Маја Морачанин.
Државен директор на Морачанин и ДОМ на шетање на море на државна сметка






