Уредникот чија емисија ја злоупотреби Фронтлајн на Дерала: Слуги на партија го уништуваат новинарството

По скандалот во кој се откри дека порталот Фронтлајн на Џабир Дерала финансирал лажни вести за да направи политичка штета на ВМРО-ДПМНЕ реагира уредникот на емисијата каде гостин е Александар Николовски.



Во коментар на профилот Мицко Кочи каде со број на Фронтлајн се емитува и финансира манипулацијата на Дерала и други лица новинарот Јовица Пауноски вели дека видеото кое е извадено од неговото интервју е лажно и монтирано.

,,❗ Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести”, пишува Пауновски згрозен од манипулацијата на Фронтлајн од каде се претставуваат за медиум и борци противнлажни вести а во практика создаваат и шират лажни вести.

Преходно Богдан Илиевски откри дека од број на порталот Фронтлајн на медиумскиот тајкун Џабир Дерала се финансирале споделување на монтирано лажно видео од емисијата на Пауновски.

Во монтираното видео звучи дека Николовски и ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ но во реалноста Николовски го кажува спротивното.

Бетмен до Џабир: Плаќате црна кампања ,,А ла СДСМ” со лажни вести

Фото: ФБ Јовица Пауноски