Новинарот и уредник во телевизијата Телма Боби Христов најави дека ќе поднесе кривична пријава против двајца владици на МПЦ-ОА Тимотеј и Партениј за организирање на Литијата во Струга.
“Вака сега, гневот е голем. А јас ќе направам преседан што не сум го направил, оти како последна будала терам принципи. Па иако овие статуси се со строго ограничена публика, изјавувам дека :
За Литијата – ако ОЈО Струга не поднесе кривична за Тимотеј и Партениј, јас ќе поднесам!!! Кој е искрен во се што напишал може да ми се придружи. И уште една за одговорните во МВР !!!
Спремна е и аргументирана !!!
Ќе ја поднесам, макар после на тезга продавал компири – оти како новинар не би смеел и ова да го напишам, ама како граѓанин можам.А можеби и како новинар можам, оти не е пристрасност туку прашање на општо добро!!!
И ќе чекам да видам кој ќе се нареди на баци рака на хиротонија !!!”, пишува Христов на Фејсбук.
Христов е долгогодишен новинар во повеќе македонски медиуми а е сопруг на поранешната новинарка Лидија Јанчовска Христова која сега е советник на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.
На објавата на Христов реагираше свештеник на МПЦ-ОА
Презвитер смета дека уредникот провоцира омраза
Свештеник на МПЦ со одговор на новинарот на Телма за најавената кривична пријава





