Уредник на ТВ Шења до премислениот пратеник на Алтернатива: Како ќе погледнеш во лице на твоето семејство

Уредникот на ТВ ШЕЊА Исмаил Синани поставува
неколку прашања за Алтернстива, пред се за пратеникот Скендер Реџепи Зејд откако тој се потпиша на иницијатива за уривање а потоа најави дека нема да гласа за недоверба на владата со која ДУИ ќе замине во опозиција!



Сите прашања на Синани за Алтернатива и нејзиниот пратеник:

– Како ќе можете да ги погледнете во лице вашите активисти ако дозволите ДУИ да остане на власт и со вас?

– Како ќе го покриете срамот кога шест години им кажувате дека оваа партија е најголемото зло на Албанците?

-Како ќе можете да погледнете во очи на членовите на вашето семејство, кои пред две недели ги убедивте дека треба да гласаат за вас со тоа што им кажавте дека сакате да ја отстраните ДУИ од политичката сцена?

-Како ќе можете да се оправдате пред оние кои овие шест години додека сте на политичката сцена ги доживеаја најтешките притисоци од ДУИ само за да ве поддржат?

– Како ќе можете да гледате во лицата на младите момци и девојки кои биле исклучени од секакви учества, а биле ваши блиски?

-Како ќе го оправдате криминалот и убиствата што беа извршени во времето на ДУИ, а вие преку ова обвинение собравте гласови?

-Како ќе им објасните на Албанците од Чаир дека ви дадоа 10 илјади гласови, велејќи им дека ДУИ е најлошата опција за Албанците?

Синани важи за еден од најобјективните и најкритички новинари кои работат во медиумите на албански јазик.