„И покрај владината одлука за висината на надоместоците на членовите на Управни одмори, одредени институции не ја почитуваат. Станува збор за Фондот за здравство.“ – ја пренесува „Вечер“ статијата под наслов „СКАНДАЛ: Управниот одбор на Фонд за здравство НЕ ЈА ЕСАПИ ВЛАДАТА – НЕМА ДА ГИ НАМАЛАТ ХОНОРАРИТЕ!“, која што ја објави „Република“.
„Иако Владата на 20.04.2021 година донела заклучок да се зголемат надоместоците на претседателите на УО од 12.000 од 18.000 денари а на членовите од 10.000 на 15.000 , во јули истата година се поништува таа одлука. Но, Управниот одбор на Фондот за здравство не постапува по одлуката на Владата и нивните членови и претседатели земаат се уште повисоки надоместоци.“
„Претседателот на Управниот одбор Дејан Николовски доаѓа од Министерството за финансии и е државен советник за јавен долг. Нормално би било тој да се однесува домаќински кон парите од граѓаните, но во овој случај не е така.“





