Со Гранскиот колективен договор, потпишан во почетокот на оваа година, утврдено е дека работното време е флексибилно, реагира синдикатот на УПОЗ на вчерашната одлука на Владата за промена на работното време на вработените во државната управа и бара истата итно да биде повлечена.



Според Гранскиот Колективен договор работното време на вработените е флексибилно, започнува во 07:30 – 08:30 часот, завршува во 15:30 – 16:30 часот. Вака утврденото право не може и не смее да се дерогира со еднострани одлуки донесени од Владата или од било кој друг орган бидејќи се спротивни на сите позитивни законски норми, додаваат во соопштението од УПОЗ од каде се надеваат дека владата ќе ја преиспита одлуката.