Синдикатот на УПОЗ реагираше на одлуката што ја донел Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци на плати за судиите во износ од 35 проценти – по 21.000 денари што е повеќе за 85 проценти од платата што ја земаат вработените во судската служба.
Ова е најсрамната одлука донесена во историјата на судството, велат од УПОЗ и бараат итна и неотповиклива оставка од претседателот и членовите на Судскиот буџетски совет.
„Ова е долевање на масло на огнот кој гори од незадоволството од третманот на судските службеници во изминатите години, замрзнување на нивните плати и постојано зголемување на платите на судиите, наведува УПОЗ.





