Употребени мелни пелени – причина за „евакуација“ на зграда во Аеродром

Мирисот на амонијак поради кој се кренала паника и била евакуирана цела зграда во скопски аесодром, бил од употребени мелни пелени.



Ова го констатирале доцна синоќа пожарникари и единици на АРМ за биохемиски отрови  кои дошле на повик на граќани од зградата во ТЦ Скопјанка во Аеродром.

Во станот живееле две жени, од кои едната на возраст од околу 90 години.

Екипата на АРМ пристигнала пет часа откако станарите беа евакуирани, а градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, со снимки ги смируваше граѓаните за тоа што била причина за паниката.