Упатени закани по живот кон градоначалникот на Гази Баба

Упатени закани по живот кон градоначалникот на Гази Баба – загрозена е неговата безбедност

Загрозена е безбедноста на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.



Ваквата ситуација доаѓа по спроведувањето на рушењето на дивоградба изградена на државно земјиште во Инџиково која беше срушена минатата недела од страна на инспекциските служби на општина Гази Баба.

Вчера претпладне во дворот на општина Гази Баба две лица кои според медиумите се во роднинска врска со лицето кое незаконски го градело објектот подолго време чекале да излезе градоначалникот Стефковски од просториите на општината со цел да се пресметаат со него.

Како што дознаваат медиумите закани по животот и безбедноста на градоначалникот Стефковски и лицата вработени во инспекциските служби имало и за време на водењето на целата постапка за дивоградбата.

Официјална потврда од страна на градоначалникот Стефковски и општина Гази Баба до овој момент нема, но очевидци говорат дека во текот на вчерашниот ден е забележано полициско присуство во дворот на општината.