Иницијативата “Учебници и настава мора да има” (УНМДИ) објавува дека во периодот додека членовите чекаат абер за предлогот за референдум за реформите на министерката Царовска министерството за образование и наука веќе работи на план за плаќање на консултанти за спроведување на реформите на МОН.
“Додека ние чекаме известување од Претседателот на Собранието, Министерството за образование и наука во експресно време наумиле да делат средства на фирми и консултанти кои ќе работат на дизајн и развој на интерактивни дигитални образовни содржини.
Дали овие содржини ќе подлежат на стручно разгледување, рецензирање и потврдување за коректноста на содржините пред да се пуштат во употреба???
Кoј ќе го прави тоа?
Дали има Закон за регулирање на подготовката, изработката и авторските права ?
ДАЛИ МОН СМЕТА ДЕКА Е НАД ЗАКОНИТЕ?!!!”, прашува Драгана Спасевска, овластената членка на иницијативата.
Одговорот дали навистина МОН експресно планира пари за консултанти се очекува од Царовска.





