Универзитет со назив Сб Кирил и Методиј“ од велико Трново – Бугарија доби одобрение од македонската Влада да врши високообразовна дејност во Република Северна Македонија.
Владината одлука во член 1 гласи:
„Со оваа одлука на странската високообразовна установа Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, со седиште на ул. „Теодосиј Терновски 2“ 5003 Велико Трново, Република Бугарија, акредитирана за вршење на високообразовна дејност од страна на Националната агенција за оценување и акредитација на Република Бугарија, се дава одобрение за вршење на високообразовна дејност на територијата на Република Северна Македонија“, пренесува порталот СакамДаКажам.






