Универзална сала да се урне а на тоа место да се изгради парк со отворена сцена предложила Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Според архитектите нова Универзална сала треба да се гради на нова локација.
Секоја идеја која доаѓа од фелата треба да се разгледа, вели градоначалникот Петре Шилегов.
Град Скопје распиша конкурс за избор на идејно решение за парк, на местото на Универзална сала.
Според Шилегов почнува и дебата за локација на новата концертна сала за чија изградба се планирани 20 милиони евра.

Универзална сала официјално беше пуштена во употреба во 1966 година.
Поради дотраеност, објектот беше затворен за посетители во 2015-та година, чекаше реконструкција откако беше најавен нејзиниот нов имиџ во вид на јајце, но планот се промени со смена на власта.
,Според сегашниот градоначалник, реконструкцијата на старата би чинело речиси исто толку колку и изградба на нова.





