United Nerezi – Објавено видеото од прославата на денот на независноста

Жителите на скопската населба Нерези која се наоѓа во општина Карпош веќе од сега се подготвува за прославата на 8 септември идната година.



Завчера беше објавено видеото од годинешнава величествена прослава која традиционално се одржува на денот на независноста.

Во предвечерието на Денот на независноста во скопската населба Нерези, во организација на локалните жители се одржа 4-то традиционално прославување на денот на македонската независност 8-ми Септември.

Покрај другите организациски случувања вечерта пред празникот, небото над населбата беше “украсено“ со прекрасен огномет за кој мештаните веруваат дека идната година ќе биде уште поатрактивен.