УНИЦЕФ Србија се огради од Дуа Липа, УНИЦЕФ Македонија молчи

Агенцијата на Обединетите нации за правата на децата дојде во незгодна ситуација откако Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа деновиве е во центарот на вниманието со објавената мапа на Голема Албанија.



Липа која се претставуваше и како амбасадор на УНИЦЕФ а неодамна со маица на агенцијата посети деца во Либан е тема на реакција на официјалниот профил на Инстаграм на српскиот УНИЦЕФ, од каде се оградија од изјавите на пејачката.

УНИЦЕФ Србија негира дека Дуа е нивен амбасадор и дека агенцијата „не ги поддржува ставовите што таа ги искажува“.

“Драги пријатели, ви благодариме што го истакнавте постот на пејачката Дуа Липа. Би сакале да ве известиме дека Дуа Липа не е амбасадор на УНИЦЕФ и нејзините изјави не се изјави во име на УНИЦЕФ. Како и многу други, таа ја поддржуваше нашата работа за деца, за што сме благодарни. Ставовите што таа ги презентира се нејзини, а УНИЦЕФ не ги поддржува”, – се наведува во реакцијата.

Во меѓувреме молчат и македонскиот и албанскиот УНИЦЕФ а реакција нема ниту на главната страница на УНИЦЕФ, која има 6 милиони следбеници на Инстаграм и 8,3 милиони на Твитер.