Унгарија уапси осомничен терорист кој имал бегалски статус во Грција

Унгарските власти вчера уапсија Сириец обвинет за учество во обезглавување на луѓе во Сирија кој бил  член на Исламската држава.



27-годишниот маж, идентификувани од страна на унгарските власти како Хасан, е осомничен за убиство на 20 луѓе во 2016 година, сите членови на едно семејството во градот Хомс, кои одбиле да се приклучат на Исламската држава, изјави унгарскиот обвинители.

„Во брза интервенција, координиранa од страна на Eurojust, унгарските власти уапсија осомничен за извршување терористички активности во Сирија, поврзани со т.н. Исламска држава”, соопштија од Eurojust, пренесува Ројтерс.

Осомничениот имал статус на бегалец во Грција, се вели во соопштението.

Тој бил фатен со фалсификувани документи на главниот аеродром во Будимпешта во октомври минатата година, добил условна затворска казна за трговија со луѓе и други кривични дела и бил протеран од Унгарија.

Пред да пристигне во Унгарија, осомничениот посетил повеќе европски земји, изјавија од Центарот за борба против тероризмот на Унгарија.