Висок функционер во владата на премиерот Виктор Орбан, предупреди дека Унгарија би била подготвена да стави вето на санкциите на Европската унија врз руската нафтена индустрија доколку мерките ја ограничат способноста на Будимпешта да увезува енергија, пренесува Блумберг.



Европската комисија предложи забрана на руската нафта до крајот на годината поради војната во Украина, со постепено воведување ограничувања на увозот дотогаш, објави Блумберг во саботата, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

Унгарија, која во голема мера се потпира на руската енергија и е меѓу најгласните во противењето на проширувањето на санкциите.

И Германија поддржува ембарго на руска нафта

Во моментов, само Унгарија, Австрија, Словачка, Шпанија, Италија и Грција се против мерката.

Владата на Орбан предупреди на сериозна штета на економијата на Унгарија без пристап до руската нафта и природен гас.

Позицијата на Унгарија за воведување санкции за руската нафта и гас „не е променета, ние не ја поддржуваме“, рече владиниот портпарол Золтан Ковач во објава на Фејсбук во понеделникот. Тој го демантираше извештајот на германската телевизиска мрежа ЗДФ, која во неделата објави дека Унгарија и Австрија ги укинале заканите за вето.

Орбан, кој беше реизбран минатиот месец, претходно ги нарече санкциите за руската енергија своја „црвена линија“.