Унгарија ќе продолжи да и помага на Украина, вели унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, во реакција на изјавата на Зеленски, кој ја критикуваше Будимпешта дека одбива да го поддржи ембаргото за руската нафта.
„Ако сè што рече Зеленски во Давос значи „благодарам на Унгарците што прифатија повеќе од 750.000 бегалци, ви благодариме што се грижите за нив и што им дадовте работа, ви благодариме што лекувате 130 украински деца и обезбедивте болничка нега на ранетите украински војници, стипендии за илјадници млади Украинци.“ тогаш нашиот одговор е: Ни беше задоволство и ќе продолжиме да помагаме“, напиша Сијарто на Фејсбук.






