Во Сегедин, Унгарија, беше отворен интерконектор, со кој гас ќе пристигнува во таа земја преку Србија, низ гасоводот „Балкански тек“.
Првите испораки на гас, како што беше најавено, треба да започнат за Унгарија денеска, јавува РСЕ.
Конекторот беше отворен во Сегедин од министерот за полиција на Србија Александар Вулин и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кои оценија дека „гасоводот обезбедува енергетска безбедност на економијата и граѓаните на двете земји“.
Српскиот министер за полиција на Србија Александар Вулин и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, на отворањето ооценија дека „гасоводот обезбедува енергетска безбедност на економијата и граѓаните на двете земји“.
На 27 септември, Унгарија потпиша договор на 15 години за снабдување со гас со руската државна компанија „Гаспром“ . Гасот ќе се испорачува преку две рути – 3,5 милијарди кубни метри преку Србија и една милијарда кубни метри преку Австрија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „не го интересираат“ поплаките од Украина низ која веќе нема да транзитира руски гас за Унгарија.







