Унгарија ја извести Македонија дека нема да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Будимпешта, ниту за настаните поврзани со нападот во Собранието, дознава А1.он.
„Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал“, велат од Министерството за „А1он“.
Унгарија веќе одби да го екстрадира поранешниот македонски премиер за предметот Тенк на СЈО, за луксузниот Мерцедес.






