Продолжува дипломатската „војна“ на релација Будимпешта – Загреб по изјавата на унгарскиот преиер Виктор Орбан дека на неговата земја ќе ѝ било многу полесно сега во време на енергетска криза доколку Унгарија го имаше морето – кое ѝ било „украдено.
Загреб: Орбан да одговори кој ѝ го украде моретот на Унгарија
„Хрватите погрешно разбраа“ изјави унгарскиот државен секретар за информации Тамаш Менцер според кој изјавата на премиерот Виктор Орбан, за „одземено море“, е „историски факт“.
„Хрватското Министерство за надворешни работи нешто погрешно разбра“, изјави Менцер, коментирајќи ги потезите на хрватското министерство, кое го повика на разговор унгарскиот амбасадор во Загреб, поради коментарите на премиерот Виктор Орбан, пренесе агенцијата МТИ.
Во петокот, во интервју за заедничкото ембарго на Европската унија, на што се противи Унгарија, Орбан рече дека земјите што имаат мориња и пристаништа можат да носат нафта на танкери.
„Да не ни го земеа морето, ќе имавме пристаниште“, рекол Орбан во споменатото интервју, алудирајќи на, како што пишуваат медиумите, хрватското приморје.
Менсер на Фејсбук објави дека Орбан се повикал на „историски факт“. „Се надевам дека медиумската хистерија нема да завладее меѓу нашите хрватски пријатели и дека ќе можеме да продолжиме да работиме во интерес на развивање на нашата соработка“, додаде унгарскиот функционер.






