Унгарија ја ограничи продажбата на геј-книги на малолетници

Во Унгарија ќе можат да се продаваат детски книги за кои се смета дека промовираат хомосексуалност, само во затворено пакување, објави Ројтерс.



Властите ги заострија претходните ограничувања воведени од премиерот Виктор Орбан. Уредбата, исто така, вклучува книги за кои се смета дека поттикнуваат промена на полот и содржат слики од сексуални дејствија.

Забрането е да се продава таква литература на помалку од 200 метри од училиште или црква.

Наредбата е прва во серијата директиви поврзани со закон со кој се забранува употреба во училиштата на било каков материјал што се смета дека промовира хомосексуалност и промена на полот.

Европската комисија презеде правни дејствија против националистичката влада на Орбан во врска со законодавството, прогласувајќи го дискриминаторски и спротивно на европските вредности на толеранција и индивидуална слобода.

Истражувањето на Ипсос минатиот месец покажа дека 46% од Унгарците поддржуваат истополови бракови. Минатиот месец, илјадници Унгарци се приклучија на годишната будимпешташка гордост за да протестираат против законот.