Унгарија презема ригорозни мерки во борба против пандемијата на коронавирус и целосно ќе забрани влез за странци почнувајќи од вторник, 1 септември.
“Од 1 септември странските граѓани нема да смеат да влегуваат на територијата на Унгарија.пренесуваат медиуми.
Унгарските државјани кои ќе се враќаат од странство ќе мора да бидат во двонеделен карантин или ќе треба да достават два негативни теста за коронавирус”, изјави шефот на кабинетот на премиерот Ѓерѓ Ѓулаш.
Според него, повеќето од новите случаи на коронавирус биле увезени.
„Унгарците кои ќе се вратат во земјата сами ќе ги финансираат трошоците за тестирање. Државата нема да плати за тоа”.
Тој додаде дека, според епидемиолошката класификација, Унгарија е обележана со зелена боја, додека другите земји се се поцрвени.
Во Унгарија, земја со околу десет милиони жители, има околу 5.500 заразени со коронавирус, од кои 614 починале.






