Унгарија блокираше 50 милијарди евра помош за Украина

Иако не стави вето за отпочнување на преговорите на Украина со ЕУ, Унгарија го блокираше договорот на Европската унија за 50 милијарди евра за Украина од буџетот на Унијата.



Тоа го изјави холандскиот премиер Марк Руте кој прецизира дека 26 земји од ЕУ се согласиле да и обезбедат на Украина пари од буџетот на ЕУ до 2027 година, но Унгарија била против тоа, а потребна е едногласна одлука.

„Имаме уште малку време, Украина нема да остане без пари во следните неколку недели“, изјави Руте.

На социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, Орбан напиша дека лидерите на ЕУ ќе го разгледаат договорот повторно следната година „по соодветна подготовка“.

Продолжувањето на финансиската поддршка за Киев е дел од законскиот предлог за опсежна ревизија на долгорочниот буџет на ЕУ.

Европската унија работи со седумгодишни буџет – системи, а сегашниот заеднички буџетски период е до 2027 година.