Претставниците на секретаријатот на Бернската конвенција одговорни за заштита на природното наследство денеска се во Струга каде треба да се сретнат со градоначалникот Рамис Мерко и претставници на локалната власт.
Андреј Совинц, консултантот за заштита на природните подрачја , вели дека за УНЕСКО Струга е дел од Охридското Езеро и не е различно подрачје а најголем проблем за градот се дивогхрадбите.
Градоначалникот Рамис Мерко пак во повеќе наврати изјавуваше дека во Струга нема дивоградби, туку тоа биле доградби од типот на скали или настрешници.







