Охрид ќе заврши на листата загрозени подрачја, кога УНЕСКО дава таква препорака, тогаш таа и се усвојува, вели Ана Лешовска од „Еко свест“.
„Според мене, нема дилема дека Охрид ќе се најде на листата загрозени подрачја и мислам дека е праведно да се најде на оваа листа затоа што навистина тоа праќа порака дека како власт, како држава не сме направиле доволно да си го заштитиме единственото УНЕСКО подрачје, кое е едно од ретките не само културни туку е и комбинација од културно и природно наследство и тука сме потфрлиле…”, вели Лешовска.
За времената забрана за градба која Владата ја донесе минатата недела и од „Еко свест“ го делат истиот став со останатите екологисти кои стравуваат дека е одлука која ќе важи само на хартија.
Извор: 24.mk





