Роберт Бадентер, поранешeн министер за правда кој беше претседател на арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, почина денеска на 95-годишна возраст, јави Ројтерс



Бадентер – правник, професор по право на Сорбона и претседател на Францускиот Уставен совет – во времето на распадот на Југославија бил на чело на таканаречената Бадентерова комисија, која во декември 1991 година објавила мислење дека СФРЈ е во процес на распаѓање, врз основа на кој, на 15 јануари 1992 година, државите Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја призна државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.

Според Бадентер, само Словенија и Македонија ги исполнуваат условите за признавање од ЕЗ, денешна Европска Унија.

Како водач на Арбитражната комисија тој добил голем авторитет меѓу Македонците и другите етнички групи во Република Македонија заради тоа што тој препорачал дека “користењето на името Македонија не може да имплицира територијални барања на било која друга држава” и полно признавање во 1992.

Заради тоа, тој бил вклучен во изработката на Охридскиот договор во Република Македонија.

Принципот на овој договор е да ги поврзе етничките заедници во националното законодавно тело ( а подоцна и во локалната самоуправа и други државни органи) треба да биде поддржан од двете етнички групи, овој принцип често се нарекува „Бадентеров принцип“.

Во својата долга правна и политичка кариера се залагаше за укинување на смртната казна во Франција, што беше постигнато во 1981 година. Еврејски интелектуалец и министер во социјалистичката влада, чиј татко починал во германски концентрационен логор, Бадентер беше цел на бројни напади од француската десница, од кои некои беа обоени со антисемитизам.