Младиот Дрин Ахмети кој стана газда на десетина милиони евра вреден удел во ТЦ Соравија затоа што, наводно, бил добар претприемач денеска испраќа писмо во кое бара да почне истрага за случајот Соравија.
Писмото е напишано на македонски јазик кој Дрин Ахмети не го зборува, но тоа не е најважно во него.
Во писмото внукот на Али Ахмети бара од Јавното Обвинителство , УЈП, Финансиска полиција и Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да почнат детална истрага за случајот Соравија каде тој стана газда на 39 проценти од фирмата без да даде еден денар.

Според она што се знае за случајот Соравија се работи за индиции за криминал во кој се инволвирани повеќе од три лица што значи дека автоматски истрагата треба да ја води Ислам Абази, шефот на организиран криминал кој е човек на неговиот татко и неговиот чичко Али Ахмети.
На една од сликите на кланот Ахмети се гледа како шефот на ЈО за организиран Ислам Абази е седнат на земја а над него седи таткото на Дрин, Фекри кој му е брат на Али Ахмети.
Ако Дрин Ахмети мисли дека е потребна целосна истрага може да го замоли неговиот чичко Али да му наложи на Ислам Абази да се повлече од ОЈО ГОК и истрагата да ја води професионален обвинител а не партиски војник на ДУИ.
Дури и американската амбасадорка во Скопје Ангела Агелер порача дека изборот на Ислам Абази од кого сега Дрин Ахмети бара истрага е збунувачки.





