Ултиматумот од Радев до Заев и Димитров без кој нема во ЕУ (ВИДЕО)

Прецизни закани кон Македонија од страна бугарскиот претседател Румен Радев кој се сретна со бугарските членови на мешовитата Комисија за ревизија на македонската историја.



Пораката е кажана пред бугарските научници но е упатена кон премиерот Заев и Димитров кои треба да ги убедат македонските членови да ги прифатат сите барања на Софија.

Доколку за еден месец нема договор меѓу историчарите Бугарија ќе ја прекине безусловната поддршка за евроинтеграциите, порачува Радев во оштрата порака за Македонија.

Меѓу другите веќе познати барања, Радев открива дека сите артефакти во македонските музеи кои Софија ги смета за свои ќе треба да имаат инскрипција по грчкиот модел за античките споменици, односно ќе треба на нив да пишува дека тие се дел од бугарската историја и култура.

Според владини извори членовите на македонските комисии со Грција и Бугарија ги избра министерот Никола Димитров во консултации со премиерот Заев.

https://twitter.com/1VidiVidi/status/1176531898069344256?s=19