На вратата на седиштето на Исламската верска заедница е поставен часовник кој одбројува 72 часа до кога реисот Сулејман Реџепи треба да ја напушти ИВЗ.
Ултиматумот постави Скендер Бузаку според кој, доколку не се повлече Реџепи, тој ќе објави докази и факти за криминал од кои како што рече цела земја ќе се чуди.
„Пораката до Сулејман Реџепи е ова, ослободете го ИВЗ за 72 часа, и ако тој не даде оставка, тогаш имаме страшни факти, застрашувачки докази“, рече Бузаку.
Пред седиштето на ИВЗ има и зголемено присуство на полициски службеници.





