Улица во село Јабука ќе го носи името на Тоше Проески

На предлог на жители кои, како потомци на некогашни колонисти, имаат потекло од Македонија, банатското село Јабука ќе добие улица што ќе го носи името на Тоше Проески.



Тие доставиле предлог една улица да го носи името на Тоше, а конечната одлука треба да ја донесе општина Панчево.

Како што пишува Н1 тв, Македонците што живеат во Јабука сакаат на овој начин да му се одолжат на нивниот идол, Тоше Проески.

Н1 пишува дека ова ќе биде прва улица во Србија што ќе го носи името на Тоше.

Тоа ќе биде прва улица со неговото име, веројатно воопшто, бидејќи досега во Македонија неговото име го носи стадионот во Скопје.

Тоше Проески загина на 12 октомври 2007 година во Хрватска.