Улчар: “Дали ромската заедница ќе реагира сега на ‘Циганин, ама најубав?“

„Ќе се јави ли сега ромската заедница? Или тие на Циганин не реагираат? Само на Циган, м? https://www.facebook.com/1575029496104722/posts/3029544927319831/ )“ – напиша на својот фејсбук – профил професорката во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ д-р Елка Јачева Улчар во својата реакција на фб – објавата на Издавачката куќа „Готен“, која соопшти дека е објавен романот под наслов преводот од хрватски јазик на романот „Циганин, ама најубав“ на авторот Кристијан Новак.

Издавачката куќа „Готен“ напиша на својот профил: „Циганин, ама најубавиот’ е еден од најнаградуваните хрватски романи во последните години. Младиот Ром Санди кој се вљубува во Милена, 40-годишна бела жена, неправедно исфрлена од работа. Книгата е дел од проектот ‘Хетеротопии на љубовта’, проект поддржан од програмата ‘Креативна Европа’ на Европската Унија.“

Најновата реакција на професорката Улчар беше своевидно потсетување на бришењето на зборовите „циган“, „циганчи“, „циганштија“, „циганштење“ во првата декада на годинашниов мај од „Толковниот речник на македонскиот јазик“ само два дена откако беше свечено промовирано ова капитално дело на македонската лексикографија со 100 илјади зборови најупотребувани зборови во современиот македонски стандарден јазик. Тоа бришење на споменатите зборови уследи како реакција на „Аваја“ и ромски здруженија, кои тврдеа дека наведените зборови се „навредливи“ за нив.

Владата реагираше и во координација со одделни лингвисти од Институтот за македонски јазик односните зборови веднаш отстранети веднаш од „Толковниот речник“. Оваа одлука предизвика жестоки критики од страна на јазичарите.

„Фактот што определени зборови не се општоприфатливи во секојдневната комуникација, не значи дека не постојат и не значи дека не треба да бидат опишани во едно вакво лексикографско издание. Исфрлањето зборови е чин на цензура, која е категорија забранета со Уставот. Згора на тоа што ‘Толковниот речник’ е сериозен научен и лексикографски труд.“ – кажа тогаш Емил Ниами, доктор по филолошки науки и лексикограф.

Елка Јачева – Улчар имаше речено: „За ваквата постапка на бришење, иако сум автор на речничката статија ‘Циган’ со упатување и на ‘Ром’, никој не ме консултирал, ниту од Редакцијата, ниту од Владата. Се бришат зборови, што содржат основа ‘циган’, зашто тој, наводно, била навредлив израз за припадниците на ромската заедница, иако овој збор со соодветните еквиваленти во другите јазици, егзистира, речиси, во сите релевантни светски речници, и печатени и дигитални. Нешто постои во јазикот е реалност и треба да се обележи и во речник. Со бришење збор или термин во речникот вие не ја менувате надворешно-јазичната дејствителност, ами само си го осиромашувате речничкиот фонд на својот јазик.“

Извор: https://www.facebook.com/elka.jacevaulcar