Украинските сили можеби ќе треба да се повлечат од последното упориште во Луганск за да избегнат заробување, откако руските сили влегле во Северодоњецк.
Тоа е клучниот град во Луганск и најголемиот град во регионот на Донбас, кој се уште е под контрола на украинските сили.

Оштетени се околу 90 отсто од зградите во Луганск, изјави Серхи Хаидаи, гувернерот на областа :
„Имаме сила и ресурси да се браниме, но можно е да мораме да се повлечеме од некои делови за да не бидеме опколени“, рече Хаидаи.
Ако руските сили го освојат Северодоњецк, тоа ќе значи дека тие го контролираат целиот Луганск.






