Украинскиот парламент Врховната Рада, го одобри законот за јазик кој има за цел да ја зголеми употребата на украинскиот јазик во земја каде што и рускиот е широко користен.
278 пратеници гласаа „за“ законот со кој се зголемува употребата на украинскиот јазик во медиумите и во јавната администрација.
Според законските одредби, сите граѓани сега мораат да го користат украинскиот јазик во сите сфери од животот, а спроведувањето на документите ќе го надгледуваат инспектори за јазик, кои ќе присуствуваат на седниците во сите државни органи кои би изрекувале парични казни за непочитување.
Прашањето на употребата на рускиот јазик, што го зборува над една четвртина од населението зо земјата, стана главна точка на незадоволство во 2014 година кога сепаратистите ја презедоа контролата над делови од источна Украина.
Новоизбраниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, кој говори руски, изјави дека го поддржува украинскиот јазик како официјален јазик, но зборува за поддршка на употребата на украинскиот, наместо за принуда на луѓето.
Претседателот во заминување, Петро Порошенко, кој останува на функцијата до следниот месец, рече дека ќе го потпише законот.





